Фотографии, на кои креативни лица пресоздаваат познати уметнички дела, ќе ви измамат насмевка.
Создавањето на Instagram профилот „Tussen Kunst & Quarantaine“ („Помеѓу уметноста и карантинот“) било инспирирано од предизвикот на музејот „J. Paul Getty“. Идејата е интернет корисниците да пресоздадат познати уметнички дела со предмети кои веќе ги имаат дома, фотографирајќи се во позата од сликата.