Доли Партон ненамерно започна нов предизвик кој го прифатија илјадници лица ширум светот.
Легендарната кантри пејачка за својот 74. роденден објави колаж од четири фотографии, по една за секоја социјална мрежа и тоа LinkedIn, Facebook, Instagram и Tinder, прикажувајќи ги разликите во профилите на луѓето на различните социјални мрежи.
„Најдете си жена која може да направи сè“ – напиша таа во описот.
Нејзината идеја стана вистински хит и бројни славни личности одлучија да споделат сопствени колажи.
Елен Деџенерис
Џенет Џексон
Селин Дион
Криси Тиген
Наоми Кембел
Гал Гадот
Марк Рафало
Вил Смит
Гордон Ремзи
Џенифер Гарнер
Опра Винфри
Донатела Версаче
Џесика Частејн
Падма Лакшми
Џејмс Корден
Кара Делевин
Кајл Меклахлан
Кери Вашингтон
Backstreet Boys
Сара Мишел Гелар
Мајли Сјрус
Марта Стјуарт
Џими Фелон
Пријанка Чопра
Браќата Џонас
Дури и македонскиот премиер Зоран Заев не одолеа на предизвикот, но наместо Tinder, тој вклучи Twitter.
И Викторија Лоба објави фотографии и напиша: „Вие велите предизвик, јас велам да“.