Макена Дрилинг има само 14 години, но веќе пронајде начин како да ја претвори својата страст во профитабилен бизнис. Трудољубивата средношколка плете слатки играчки кои ги продава за да заработи пари за на факултет.
Макена научила да плете гледајќи видеа, а потоа го основала својот бизнис „Knitts N Knotts“. Таа ги продава своите креации на Etsy и на локалните панаѓури.
„Во текот на летото одлучив да најдам начин да заработам пари за на факултет“ – пишува таа на својата страница.
„Отсекогаш сакав ракотворби. Сакав да цртам и сликам. Секогаш мислев дека плетените работи се навистина кул. Се научив да плетам преку YouTube туторијали за една недела.“
„Кога луѓето ќе ги добијат моите плетени работи, изгледаат среќно и благодарно. Секогаш ми велат: ‘Ова е многу слатко, не ми се верува дека сама го направи’. Се чувствувам убаво што знам дека им ги подобрувам деновите на луѓето“ – вели таа во видеото.