Некои луѓе заслужуваат само аплаузи. Планинар од Грција ѝ ја исполни животната желба на 22-годишна неподвижна девојка носејќи ја на грб до врвот на Олимп.
Имено, Мариос Џианакоу во својот живот 50 пати се имал искачено на планината Олимп, но 51-виот пат бил најспецијален, бидејќи со тоа ја усреќи Елефтерија Тосиу.
„Нема ништо пореално од сонот“ – напиша тој на фотографијата со Елефтерија, откако го освоија врвот на Планината на Боговите.
Мариос и Елефтерија се запознале во септември преку заеднички пријател. Тогаш, таа ја изразила својата голема желба, која Мариос се потруди да ѝ стане реалност.
Упорниот атлет ја носеше младата студентка во специјален „ранец“, а беше придружуван од 8-члена екипа. Највисокиот врв Митика се наоѓа на 2.918 метри надморска височина.
„За мене, сите меѓународни трки, сите медали и сите постигнувања досега, значат многу малку во споредба со ова“ – изјавил Мариос.