Олимписки шампион стана хит на интернет, но не само поради успесите постигнати на Летните олимписки игри во Токио, туку и поради неговите плетачки вештини.
Станува збор на Том Дејли, кој пред неколку дена освои златен медал во дисциплината синхронизирани скокови во вода. 27-годишниот британски пливач двапати беше снимен како плете на трибините додека ги следеше финалињата во машка и женска конкуренција на скок во вода од три метри.
Меѓу другото, тој си сплете торбичка за својот златен медал.
Том има голем талент за плетење, кој го покажува на неговиот Instagram профил madewithlovebytomdaley, чија популарност нагло порасна деновиве.