Светлана Ромашина и Светлана Колесниченко освоија злато во двојки во синхронизирано пливање на ЛОИ во Токио.
Двете Русинки се појавија во костими за капење со пајаци и го одушевија светот со настапот.
Ова е шести златен медал за Ромашина, која е најуспешната олимписка пливачка во историјата во синхронизирано пливање. По големиот успех, 31-годишната спортистика изјави дека ова е нејзино последно учество на Олимписките игри и дека сака да се фокусира на мајчинството. Таа веќе има 3-годишна ќерка и планира да има уште едно дете.