Почетна » Новости » Занимливости » Браво деца: Ученици од Македонија освоија шест медали на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки

Браво деца: Ученици од Македонија освоија шест медали на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки

Ученици од Скопје и Штип одлично ја претставија нашата држава на Меѓународната олимпијада по природни науки која се одржа во Обединетите Арапски Емирати.

Меѓународна олимпијада по природни науки

Од Дубаи, македонските учесници се вратија со шест медали – еден сребрен и пет бронзени. Алексиј Тасиќ се закити со сребрен медал, додека бронзени медали освоија Матеа Митревска, Теона Ана Георгиевска, Иван Костевски, Андреј Стојановски и Марио Ванчоски.

На олимпијадата учествувале 360 натпреварувачи од 59 држави.

Меѓународна олимпијада по природни науки Меѓународна олимпијада по природни науки

Веста ја споделија од Друштвото на физичарите на Република Македонија.

„Создаваме вредности! 1 сребрен и 5 бронзени медали на IJSO2021 (Дубаи, 12-21 декември 2021). 59 држави, 360 натпреварувачи. Заедничка активност на трите друштва: ДФРМ, СХТМ, МБД“ – напишаа тие.

Меѓународна олимпијада по природни науки Меѓународна олимпијада по природни науки

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20827 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.