Олимпијадата донесе многу важни медали во рацете на учесниците, но пливачка од Кина покрај сребрен медал, доби и прекрасен подарок – веренички прстен.
Хе Ѕе и Ќин Кај се состанувале шест години пред да им се пружи можност заедно да учествуваат на Летните Олимписки игри во Рио де Жанеиро. Откако ги испливаа своите трки на најголемиот светски спортски настан, Кај одлучил дека тоа е одличен момент за да ѝ предложи брак на саканата Ѕе.
За време на церемонијата, кога на Хе ѝ го доделуваа сребрениот медал за освоеното второ место, Ќин клекнал на колено и подавајќи ѝ го вереничкиот прстен, ги изговорил најважните зборови во нивната врска: „Дали ќе се омажиш за мене?“. Хе се разбира прифати, бришејќи ги солзите-радосници кои извираа од нејзините очи.
„Се состанувавме шест години, но не очекував да ми предложи брак денес. Тој рече многу нешта и даде многу ветувања, но она што најмногу ми го допре срцето е што мислам дека тој е мажот на кој можам да му верувам до крајот на мојот живот“ – изјавила Хе.