Габриела Захаринова е мини славна личност во Бугарија благодарение на бујната коса. Малото девојче е невозможно да не ви измами насмевка со слатката насмевка и бушавата фризура.
Кога слатката Габи се родила во април минатата година, нејзината мајка Даница била пријатно изненадена, а нејзината поголема сестра Ивона била пресреќна бидејќи сакала сестра со коса како Рапунзел.
„Медицинските сестри рекоа дека немале видено новородено бебе со толку долга коса – таа воочливо беше поразлична од другите бебиња“ – изјавила Даница.
Како што расте Габи, така нејзината коса добива должина и волумен, па постојано привлекува погледи. „Кога одиме на прошетки, луѓето се вртат за да ја видат и се насмевнуваат. Габи сака да е во центарот на вниманието. Покрај со долгата коса, таа ги фасцинира луѓето и со нејзината голема, топла насмевка“ – додава среќната мајка.