Жена раскажа средба со постара госпоѓа која се плашела да влезе во продавница, за да порача да им помагаме на ранливите категории во услови на коронавирус.
Ребека Мера од Орегон го напиша текстот за да ни порача да помагаме колку што можеме, бидејќи не сите имаат кому да се обратат за помош.
Утрово, отидов до продавница.
Додека влегував, слушнав како една жена вика по мене од автомобилот.
Се приближив и видов повозрасна жена со нејзиниот сопруг.
Го отвори прозорецот уште малку и низ солзи ми објасни дека се плашат да влезат во продавницата. Се плашеа да не се разболат, бидејќи се во нивните 80-ти години, и слушнале дека новиот коронавирус ги засега старите лица. А немале никој од семејството во близина за да им помогне.
Низ отворениот прозорец ми подаде 100 долари и список за пазарување и ме праша дали ќе сакам да ѝ ги купам намирниците.
Ѝ ги купив намирниците и ѝ ги сместив во багажникот. Потоа, ѝ го вратив кусурот.
Ми кажа дека седела во автомобилот речиси 45 минути пред да пристигнам и ја чекала вистинската личност за помош.
Знам дека е време на хистерија и нервоза, но понудете му помош на секој што можете да му помогнете.
Немаат сите на кого да му се обратат.