Шпанија живее во голема корона-криза со над 85.000 заболени со КОВИД-19 и над 7.300 смртни случаи.
Смелите лица кои пожртвувано се борат во првите линии издвоија неколку минути за да си дадат поддршка, а моќните сцени го обиколуваат светот.
Во видеото, полициски службеници со пуштени сирени и возачи на автобуси стојат и аплаудираат пред болница, а медицинските лица од влезот возвраќаат на гестот.