Џулија Олсон е вистинска мотивација.
64-годишната жена, која во седмата деценија од животот стана бодибилдерка, цели да ги инспирира жените на нејзина возраст и да им покаже дека никогаш не е доцна за промени.
Олсон низ годините се имала соочено со повеќе здравствени проблеми и компликации. Имено, таа е дијабетичар, а била принудена и да направи трансплантација на бубрег и панкреас.
Пред две години, одлучила да ги преземе работите во свои раце и да започне да води здрав живот, па ангажирала личен тренер со чија помош си го трансформирала телото.
Денес, Џулија изгледа и се чувствува одлично. Таа учествува на бикини фитнес натпревари и освојува награди.
„Многу сум среќна што го направив тоа, беше прекрасно искуство. Тоа што чекорам на сцената во моите бикини, по целата напорна работа, за мене е навистина моќно“ – вели Олсон.
Предлогот да се пријави на бикини натпревар дошол од нејзиниот тренер, кој будно го следел нејзиниот напредок.
„Тој ми предложи да се натпреварувам. Сметав дека е луда идеја. Не вервував дека можам да направам такво нешто, особено во моите 60-ти години. Но, тој веруваше во мене, па си помислив ‘зошто да не?’. И одлучив да се обидам“ – објаснила Џулија.