Ариана Омипи има 24 години, а веќе долги години се бори со вишокот килограми. Таа успеа да ослаби 64 килограми за само една година и сега стана мотивација за сите оние кои сакаат да го трансформираат својот изглед.
Девојката од Окленд, Нов Зеланд, пред седум години тежела 130 килограми и била загрижена за своето здравје.
„Отсекогаш бев среќна и задоволна со својот изглед, но сфатив дека моето тело не е на здраво место и поради тоа, сакав да се променам. Ова беше патување на кое константно се трудев да бидам колку што е можно поздрава. Промената не се случи преку ноќ“ – објаснува Ариана.
Најпрво таа започнала со кето диетата, но постојано чувствувала глад. „Таа диета не беше за мене, бидејќи постојано чувствував глад“ – изјавила Омипи.
Своето патување Ариана го документираше со фотографии кои ги објавуваше на Instagram, каде неретко добиваше критики. „Онлајн критиките и процесот на јавно споделување на моето слабеење беше дефинитивно тешко на моменти. Многу голема доза љубомора и предрасуди беа насочени кон мене. Луѓето често се многу сурови со своите зборови, па тоа ми беше многу тешко“ – додава таа.
Следен чекор за Ариана била операција за намалување на желудникот, која најмногу ѝ помогнала во процесот на слабеење.
„Ова сум јас, ранлива во болничкиот кревет. Моето момче ја направи оваа фотографија од мене во шок, бидејќи никогаш ме немаше видено ваква. Сакав да го споделам овој дел од моето патување, бидејќи оваа операција не е гламурозна, ниту е одлука која се донесува лесно. Постојат значајни ризици со операцијата – смрт, протекување на желудникот, внатрешно крварење, згрутчување на крвта, што може да доведе до срцев или мозочен удар, да не зборуваме за ризикот од компликации кои можат да се појават подолгорочно. Ветив дека искрено и отворено ќе го споделувам моето патување. Често го споделувам мојот позитивен пристап, бидејќи сум таква личност, но не сакам некој да има впечаток дека ова е лесно решение за губење на килограми или начин за да добиете „Instagram тело“. Ја донесов оваа одлука затоа што сакам да му дадам приоритет на моето здравје за да можам да имам подолг и поисполнет живот, а сите други позитивни промени се само бонус“ – пишува Ариана на Instagram.
Ариана денес има овисната кожа и стрии насекаде по телото, но се гордее со своето достигнување и својот изглед. „Само пријателски потсетник дека овиснатата кожа, стриите, салото и целулитот се сосем нормални за многу жени – вклучувајќи ме и мене. Тие можеби не се очигледни од секој агол и може да изгледаат различно, во зависност од светлото, но тие постојат. Не се плашам да ги покажам, бидејќи тоа што ги имам, не ме менуваат мене како личност“ – вели таа.
„Промените можат да бидат застрашувачки, но знаете што е најлошо? Дозволувањето стравот да ве спречи да растете, да напредувате и да се развивате“ – вели инспиративната Новозеланѓанка.