Почетна » Новости » Занимливости » 50-годишна мајка на 3 деца си го трансформираше телото и сега е фитнес ѕвезда на Instagram

50-годишна мајка на 3 деца си го трансформираше телото и сега е фитнес ѕвезда на Instagram

Дијана Миргон е пример дека со силна волја можеш да си го трансформираш изгледот и да се одржуваш во фит форма без разлика на возраста.

50-годишната мајка на три деца ја преполови својата тежина и сега е фитнес ѕвезда на Instagram, каде споделува ефективни вежби и тренинзи.

Дијана Миргон

Имено, Дијана тежела 130 килограми кога решила дека е време за да се посвети на своето здравје. Претходно, таа се обидувала да ослаби со бројни диети, но по кратко време, повторно си ја враќала тежината.

„Промената на животниот стил не е само слабеењето. Не е лесно. Потребна е напорна работа и посветеност за да станеш најдобрата верзија од себеси“ – вели Миргон, која успеала да „стопи“ 68 килограми.

Дијана Миргон
Дијана Миргон

„Додека растев, бев атлетичарка и тежината не ми беше проблем сè додека не се запишав на факултет. Оттогаш, го поминав најголемиот дел од животот борејќи се со тежината и со јо-јо диетите. Се здебелував по раѓањето на секое дете. Ја пробав секоја диета. Тежината ми варираше толку многу пати, што станав депресивна и се откажав од целта да ослабам. Бев во моите 40-ти години и мислев дека е предоцна. Си наоѓав изговори за да не одам во фитнес сала.“

„Конечно, ја фрлив вагата и одлучив да станам фит, не слаба. Сакав да бидам здрава и силна. Престанав со дитети и се фокусирав на балансирана диета која беше одржлива за мојот животен стил. Додавањето на ефективни тренинзи беше последното делче од сложувалката. Тие не само што ми помогнаа да ги намалам мастите и обемот, туку и да ги тонирам мускулите. Се чувствував охрабрена од силата која ја добивав. Се чувствував убаво. Сфатив дека не ти треба многу време и опрема, туку само мотивација и конзистентност. Можете да вежбате секогаш и секаде, БЕЗ ИЗГОВОРИ... НИКОГАШ не е доцна“ – пишува Дијана на нејзиниот блог.

Дијана Миргон Дијана Миргон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20844 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.