Лора Бретан има само 13 години, а веќе го освојува светот со својот неверојатен глас.
Кога талентираната, но скромна девојка се појави на сцената на „America's Got Talent“, никој не можеше да претпостави дека поседува прекрасен и моќен оперски глас. Бретан ја изведе оперската арија „Nessun Dorma“ и ги крена на нозе присутните.
„Не сум слушнал ништо вакво во сите овие години додека работам на шоуто. Сериозно. Тоа беше неверојатно“ – коментираше Сајмон.
Мелани Би го притисна златното копче и ја испрати Лора директно во настапите во живо на шоуто за таленти. „Сметам дека ова шоу комплетно ќе ти го промени животот, а јас ќе ти го променам животот веднаш“ – изјави поранешната членка на Spice Girls пред да го притисне златното копче.