Пред скоро една година му се воодушевуваме на гласот на Тајванецот Лин Ју Чун кој успеа да ја засени самата Витни Хјустон. Сега се појави уште едно момче кое сака да го грабне микрофонот од една друга музичка ѕвезда.
Чилеанецот Рудолфо Бургос ги остави со подзината уста членовите на жирито на шоуто Yo Soy („Јас сум“).
Кога се појави на сцената, тој убедено тврдеше дека е Шакира, а публиката мислеше дека претстои уште една комична изведба. Но, кога Рудолфо започна да ја пее песната „Gitana“, сите се убедија во огромната сличност на неговиот глас со оној на колумбиската пејачка.
Погледнете го неговиот настап.