Војвотката Меган и принцот Хари ќе станат родители. Младиот кралски пар го очекува првото дете.
Среќната вест дека 37-годишната војвотка е во блажена состојба беше објавена на официјалниот профил на Кенсингтонската палата на Twitter. Бебенцето треба да се роди следната пролет.
„Нивното Кралско Височество Војводата и Војвотката од Сасекс со задоволство објавуваат дека Војвотката од Сасекс очекува бебе напролет 2019 година“ – стои во објавата.
Their Royal Highnesses The Duke and Duchess of Sussex are very pleased to announce that The Duchess of Sussex is expecting a baby in the Spring of 2019. pic.twitter.com/Ut9C0RagLk
— Kensington Palace (@KensingtonRoyal) October 15, 2018
Кралскиот пар вчера пристигна во Сиднеј за својата прва официјална посета на Австралија.
Меган и Хари се венчаа на 19 мај оваа година.