Принцот Хари и војвотката Меган се на официјална посета на Ирска. Младиот кралски пар вчера пристигна во Даблин и веднаш започна со исполнување на своите обврски.
За време на посета на стадионот „Croke Park“, 36-годишната Војвотка и 33-годишниот Принц си стекнаа сладок пријател.
Во еден момент, додека Меган гледаше настрана, 3-годишниот Волтер ја погали по косата, на што Меган му возврати со широка насмевка. Потоа Хари со прстот го „искара“ неодоливото русокосо детенце и сите слатко се насмеаја.
Оваа случка многумина ги потсети на моментот кога девојче му „крадеше“ на Хари од пуканките за време на Invictus Games во Канада.
За оваа пригода, Војвотката од Сасекс носеше црн костум од Живанши.