Почетна » Новости » Занимливости » Мајка на три деца донира 30 литри мајчино млеко за семејствата кои изгубиле сè поради ураганот Харви

Мајка на три деца донира 30 литри мајчино млеко за семејствата кои изгубиле сè поради ураганот Харви

Стотици илјади лица пронајдоа свој начин како да им помогнат на семејствата кои ги изгубиле своите домови поради ураганот Харви. Добродушна мајка направи уникатно хумано дело и донира 30 литри мајчино млеко за да им помогне на мајки и бебиња во Тексас.

Знаејќи дека стресот може да го намали, па дури и запре, мајчиното млеко, Даниел Палмер одлучи да го донира целото млеко кое го имала замрзнато во неколку месеци, бидејќи нејзиното синче било родено со срцево заболување и не можело да го прима мајчиното млеко. „Кога доиш, стресот има многу голема улога“ – вели 31-годишната Американка.

Таа сподели фотографија со синчето и скапоценото млеко кое го донира и во описот напиша: „Трует и јас пративме 30,5 литри течно злато за да им помогнеме на мајки со нивните бебиња во Тексас! Благодарна сум што можеме да помогнеме на овој начин“.

Мајка донира млеко

„Не морам да замислам да сум во ситуација во која губам сè. Дадовме 30 литри млеко и пресметавме дека, ако едно бебе добива по околу 90 милилитри, тоа се 346 оброци. Мојот син Трует има вродено срцево заболување и не може да го прима моето млеко. Најголемиот дел од неговата исхрана доаѓа преку интравенозна терапија“ – додала Даниел.

Мајка донира млеко

Уште една причина за ваквата одлука, била што многу мајки ги изгубиле замрзнатите количини млеко откако снемало струја, а домови на многу семејства биле поплавени.

„Ние мајките се грижиме една за друга. Доењето е тешко. Дали користиш пумпа или не, тешко е. Ние сме како мајки-мечки. Се штитиме една со друга“ – вели Палмер.

Мајка донира млеко

Палмер и нејзиниот сопруг имаат уште две поголеми синчиња.

Мајка донира млеко

Најмалото синче досега има минато низ неколку операции на срцето и голем дел од времето, тие го поминуваат во болница.

Мајка донира млеко

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20831 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.