Почетна » Новости » Животни стории » Новороденото синче ѝ почина по раѓањето, во негова чест донираше мајчино млеко за бебињата на интензивна нега

Новороденото синче ѝ почина по раѓањето, во негова чест донираше мајчино млеко за бебињата на интензивна нега

Мајка од Канзас го изгуби своето синче само три недели по раѓањето. Во негова чест, таа направи големо хумано дело и донираше десетици литри мајчино млеко за болни и предвреме родени бебиња кои се наоѓаат на интензивна нега.

Имено, синчето на Брит Колб дојде на овој свет со вродена дијафрагмална хернија и поради тоа, кратко време по раѓањето морало да биде оперирано.

Бебенцето, кое го добило името Елијас, три недели и еден ден се борело за својот живот, но залудно. Тоа почина на 8 мај оваа година.

Целото млеко кое го измолзувала и кое требало да биде за нејзиното синче, Брит го донираше за ранливи бебенца кои се борат да преживеат. Таа објави фотографија на која позира со шишињата и ќесичките мајчино млеко.

Прочитајте ја и нејзината порака:

Неговиот живот беше краток, но тој остави свој отпечаток.

Вчера, целото млеко кое го испумпав за Елијас го донирав за помош на други бебиња кои се наоѓаат на интензивна нега.

Кога за првпат се согласив да донирам, мислев дека ќе однесам само неколку кеси полни со млеко во болницата и готово, но не...

Да се стане донор на мајчино млеко е процес кој се состои од крвни тестови, бројни скрининзи итн. Но, за да ја имам можноста да имам нешто позитивно од неговата смрт, би го сторила тоа одново и одново.

Благодарам на сите кои ми помогнаа во складирањето на ова течно злато во изминатите месеци.

Вродена дијафрагмална хернија, или Болделек хернија, се случува во матката и се дијагностицира во текот на бременоста или кај новороденче. Се јавува кога постои слабост во дијафрагмата, мускулот што го дели градниот кош од абдоминалната празнина.

Дијафрагмалната хернија е опасна по животот и во повеќето случаи потребен е итен хируршки зафат.

Брит и нејзиниот сопруг имаат уште едно синче.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20816 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.