Почетна » Новости » Занимливости » Донирала 110 литри мајчино млеко за да им помогне на бебињата на кои им е најпотребно

Донирала 110 литри мајчино млеко за да им помогне на бебињата на кои им е најпотребно

Добродушна мајка-доилка, која имала многу повеќе млеко отколку што му требало на нејзиното синче, донирала 110 литри за бебињата кои имаат потреба од него.

Ејми Борман

Ејми Борман од Висконсин, која некогаш работела во Оддел за неонатална интензивна нега, совршено добро знае колку е скапоцено мајчиното млеко, особено за предвреме родените бебиња. Па, кога видела дека има складирано во замрзнувачот многу повеќе млеко отколку што може да консумира нејзиното 6-месечно дете, веднаш знаела што да прави.

По консултации со консултант за лактација, хуманата мајка на две деца донирала 110 литри во Банка за млеко во болница во Висконсин.

Ејми Борман

„Најголем дел од доилките можат да испумпаат од 60 до 150 мл млеко на едно испумпување и тоа можат да го прават 8-10 пати на ден. Вие направете ја математиката“ – вели Сузан Линдекагел, консултант за лактација.

Ејми, која сè уште го дои својот помал син, е пресреќна што имала шанса да им помогне на предвреме родените бебиња и вели дека тоа било незаборавно искуство. „Тоа беше толку лесен процес и се надевам дека ако и други мајки имаат вишок млеко, исто така ќе го донираат. Вреди да го чувате малку подолго“ – рекла таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20830 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.