И покрај тешката борба што ја води со ракот, малата Аријана е ведра и позитивна.
5-годишното девојче се претвори во Дизни принцеза и накратко живееше во бајка благодарение на добродушна фотографка.
Слатката Аријана со широка насмевка позираше во костими инспирирани од дизниевите ликови Елза, Снежана, Бела и Мерида и за момент заборави на здравствените предизвици со кои се соочува.
Аријана имала тумор од 13 сантиметри на нејзиниот бубрег кој бил отстранет со операција. Но, за жал, туморот се проширил на другиот бубрег, белите дробови, црниот дроб и лимфните жлезди. Поради хемотерапијата, косата на Аријана започнала да опаѓа, па татко ѝ и неговата девојка одлучија дека треба сите заедно да ги избричат главите.
„Ги гледам фотографиите и знам дека е Ари, знам дека е мојата ќерка. Но, таа буквално изгледа како да може да глуми во сопствен филм, што е супер специјално и неверојатно. Таа докажува дека ќелавоста е убава и ја обожава секоја минута од фотосесијата“ – вели нејзиниот татко.
Фотографката бесплатно им прави фотосесии на болни дечиња веќе 2 години.