Компанијата 77 Ентертејмент е најмладата компанија која влегува во состав на КС Групација. Иако е релативно млада компанија сепак за неа изминатата година беше плодна и активна во секој поглед.
Под диригентската палка на оваа компанија се објави ја песните: „Бура” на пејачот и композитор Димитар Андоновски, „Ќе преживеам” - дуетската песна на Димитар Андоновски и Александар Тарабунов и „Сцена” на Полина Тасева. Настапите на големите македонски и балкански музички ѕвезди кои беа дел од Летниот фестивал кој се одржа минатото лето на летната сцена од комплексот Голд Фелициа во Битола беа договорени преку 77 Ентертејмент.
Успешно спроведениот кастинг за избор на изведувачи во уникатното Кабаре Шоу на Голд Фелициа е дел од професионалното портфолио на оваа млада и просперитетна компанија пред која претстои светла иднина. Годината која измина истовремено е и година на раѓање на 77 Ентертејмент која претставува нова продукција која има за цел под својата капа да стави голем број на домашни изведувачи кои ќе добијат третман каков што доликува за негувателите на македонската музика.
Во 2025 година следат многу нови проекти и изненадувања од оваа компанија. Кон средината на месец февруари најавен е вториот кастинг за изведувачи во Кабаре Шоуто на Голд Фелициа.
Компанијата 77 Ентертејмент е верен поддржувач на македонските музичари и се стреми да стани лидер во промоција на македонската музика.