Новогодишната треска раѓа сè покреативни и покреативни идеи за декорација на домот. Китењето на новогодишната елка со цветови е само една од нив. Многу лица споделија фотографии од своите елки, на кои лампионите се целосно заменети или комбинирани со цветови.
Иако не се знае кој го започна овој тренд, најголем дел од луѓето се инспирираат од туторијалот на блогерката Бри Емери.
Резултатите се прекрасни, а можеби ќе ве инспирираат и вие да експериментирате при декорирањето на домот за новогодишните празници.