Празнична треска владее низ светот. Колоритни декорации ги разубавуваат популарните туристички места и ја засилуваат еуфоријата, најавувајќи ги божиќните и новогодишните празници.
Дозволете да ве обземе празничната магија преку фотографии од најубавите елки и украси од различни точки на планетата.
Париз
Грандиозната елка се наоѓа во познатиот трговски центар „Galeries Lafayette“.
Сингапур
Блескавата елка е украсена со 28.000 сваровски кристали.
Сиднеј
Најнаселениот град во Австралија има новогодишна елка од Лего коцки.
Лондон
Кристофер Бејли, креативниот директор на Burberry, беше задолжен за изгледот на елката во хотелот „Claridge's“. Елката е создадена од над 100 сјајни чадори.