Почетна » Новости » Занимливости » „Кога ќе имаш желба, сè ќе постигнеш“: Јасмина Трипуновски ги мотивира мајките да тренираат по породувањето

„Кога ќе имаш желба, сè ќе постигнеш“: Јасмина Трипуновски ги мотивира мајките да тренираат по породувањето

Секоја мајка по породувањето се соочува со многу дилеми поврзани со нејзиното тело – дали ќе се врати повторно во форма, дали ќе може да го изгуби вишокот килограми добиени во бременоста, дали и кога смее да започне да вежба, кои вежби ѝ се дозволени во постпородилниот период.

Одговори на тие прашања има Јасмина Трипуновски, креаторка на проектот befitmom.mk, поранешна ракометарка и дипломирана студентка на Факултетот за физичка култура, спорт и здравје.

Јасмина Трипуновски

Кога е најдобро новите мајки да започнат да вежбаат по породувањето?

- Периодот препорачан за мирување зависи од тежината на породувањето и од тоа како се одвива закрепнувањето. Но, во повеќето случаи, веќе по 6 до 8 недели од породувањето може да се започне со вежбање. Нормално, во консултација и одобрување дека може слободно да се започне со вежбање од вашиот доктор гинеколог.

Јасмина Трипуновски

Какви вежби препорачуваш за почеток, односно откако на мајките ќе им биде дадено зелено светло од доктор дека може да вежбаат?

Кога родилката ќе биде спремна да почне со физичката активност, тоа треба да бидат вежби со помал интензитет и полека организмот да се подготвува за поголем напор.
Јасмина

- Постојано го потенцирам тоа дека пред да реши мајката да започне со физичка активност после породувањето, мора да се консултира со својот доктор гинеколог. Во бременоста телото доживува голема промена, а после раѓањето организмот е изложен на поголем замор и се случуваат промени кои самиот период ги налага. Кога родилката ќе биде спремна да почне со физичката активност, треба да почне со вежби и програма која е соодветна за периодот во кој се наоѓа, тоа треба да бидат вежби со помал интензитет и полека организмот да се подготвува за поголем напор. Мојата програма е точно за тој период и се состои со вежби конкретно за постпородилен период.

Јасмина Трипуновски

Многу родилки сметаат дека никогаш нема да си го вратат телото кое го имале пред бременоста. Каков е твојот став?

Доколку решиме и се заангажираме со добра организација и дисциплина, можеме сè да постигнеме
Јасмина

- Тоа е многу погрешно мислење. Да, свесни сме дека сме изложени на големи промени што може да се случат за време на бременост и после бременост, но не смееме да дозволиме тоа да биде посилно од нас дека не можеме да се вратиме во формата во која сме биле пред бременост. Живееме во време, во помодерно време, и доколку решиме и се заангажираме со добра организација и дисциплина (и покрај тоа што имаме детенце, најслатката обврска) можеме сè да постигнеме. Мојот став е да си поставите цел и да одите кон таа цел со што поголемо залагање и што подобри резултати, тргнете самите вие, не чекајте од друг да ве поттикне за нешто. Вие сте жена што веќе ја поминала таа фаза, сте ја поминале бременоста и треба да бидете многу поодговорни за себе, зашто сте МАЈКА и сте најдобар пример за вашите деца и мора секогаш да се трудите да бидете во најдобра форма и физичка и емотивна.

Креаторка си на befitmom.mk. Што вклучува твојата програма за новите мајки?

- Со оглед на тоа што многу години од мојот живот поминале во спортување, и сум дипломирана на Факултетот за физичка култура, и сега во моето секојдневие постои спортувањето, вежбање, трчање, пешачење, возење велосипед, пливање... Со моето познавање и искуство за спортот решив да направам нешто со што ќе можам помогнам. Се одлучив тоа да бидат конкретно МАЈКИТЕ затоа што пред извесно време јас станав МАЈКА и верувам дека на секоја жена што се наоѓа во постпородилен период ѝ е потребна секаква помош. befitmom.mk е проект кој се состои од програми за вежбање (моментално достапна е програмата за постпородилен период, а во процес се уште две програми, една за почетници и една со вежби што се со поголем интензитет) и водич за исхрана. Мојата цел е да им помогнам на МАЈКИТЕ што побрзо да се вратат во формата која ја посакуваат, едноставно да помогнам да си го подобрат и физичкото и менталното здравје.

Јасмина Трипуновски

Твоето бебенце во мај наполни една година. Како успеваш да се организираш за да најдеш време за тренирање и колку траат твоите тренинзи?

Кога ќе имаш добра организација и желба, сè ќе постигнеш.
Јасмина

- Да, во мај Лазар наполни една година, во мојот живот се смени само едно – сега имам дете и сум МАЈКА, обврските се поголеми, заморот е поголем, но тоа не значи дека немаме време за друго, да вежбаме, да се дружиме и слично. Акцентот е на Лазар, што е нормално, ха ха ха, после следува другото. Во принцип ништо не оставам на случајност сакам сè да биде организирано и средено на време. Кога ќе имаш добра организација и желба, сè ќе постигнеш. Моментално одвојувам 40 минути за вежбање и уште 1 час за трчање, возење велосипед или пешачење, зависи за што сум расположена.

Ти си поранешна ракометарка, па добро знаеш колку напорно треба да се тренира за да се биде во фит форма. Колку во просек треба да тренираат жените за да бидат здрави и доволно издржливи за да се справат со сите обврски?

- Како што веќе спомнав доста години во мојот живот поминаа во интензивно спортување (ракомет). Тоа беше период во мојот живот што бев максимално посветена на ракометот, имав постојано тренинзи, натпреварувања, дружење, патување... во спортот има нешто посебно. Се остварив и како мајка и тоа не ме спречи да се откажам од физичката активност.

Јасмина Трипуновски
Мајки со само 10 минути вежбање на ден можеме да го подигнеме нашето енергетско ниво и да бидеме во добро расположение.
Јасмина

- Мајки, со само 10 минути вежбање на ден можеме да го подигнеме нашето енергетско ниво и да бидеме во добро расположение. Со текот на времето тоа може да продолжи на 30 минути и може и треба да се постигнат одлични резултати. Добро е да се вежба 3 до 4 пати во неделата. Вежбањето им помага на мајките да спијат подобро и да го регулираат крвниот притисок и нивото на енергија. Важно е да се најде активност во која ќе уживаме. Ако сакаме да сториме нешто и го исчекуваме секој тренинг, ќе ни биде лесно да најдеме време за тоа. И по вежбањето ќе се вратиме на бебето во добро расположение, насмеани и со нова обновена енергија, среќни што сме направиле нешто лично за себе. Препорачувам спортска активност по породувањето за да ви се подобри расположението, да се намали стресот, да се намали вознемиреноста, да ви помогне да ги изгубите вишокот килограми добиени во бременоста, да го намалите ризикот од појава на депресија и слично. Да внимавате на исхраната, не зборуваме за диети, зборуваме за избалансиран и здрав начин на исхрана. Пешачете! Чувајте го вашето здравје и тело!

Јасмина Трипуновски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 22198 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.