Почетна » Новости » Занимливости » „Како мене“: Млада танчарка која била родена глува ја претстави првата барбика со слушно помагало

„Како мене“: Млада танчарка која била родена глува ја претстави првата барбика со слушно помагало

Роуз Ајлинг-Елис е млада танчарка и актерка, која е родена глува и сега слуша благодарание на специјално слушно помагало.

27-годишната девојка победи во шоуто „Strictly Come Dancing“ и на нејзина голема радост беше избрана за да ја презентира првата Барбика со слушно помагало.

„Многу е важно децата да можат да се видат себеси претставени на играчките со кои си играат. Кога бев мала, на моите Барби кукли им цртав слушни помагала за да направам да личат на мене. Пресреќна сум што Mattel пушта во продажба повеќе кукли кои ќе ги охрабрат децата да ги слават и прифатат нивните различности“ – изјави Роуз.

Роуз Ајлинг-Елис и Барби кукла Роуз Ајлинг-Елис и Барби кукла Роуз Ајлинг-Елис и Барби кукла Роуз Ајлинг-Елис и Барби кукла

Компанијата Mattel направи и кукла Кен со витилиго, Барби со протетичка нога и кукла во инвалидска количка, за да ги потттикне и научи децата да се прифаќаат онакви какви што се. Исто така, постои опција да биде избрана бојата на кожата на Барби куклата.

„Посветени сме да продолжиме да воведуваме кукли со различни тонови на кожа, различни типови на тело и попречености кои ќе ги одразуваат различностите што децата ги гледаат во светот околу нив“ – изјавила Лиса Мекнајт, потпретседателка на Barbie and Dolls, Mattel, Inc.

Роуз Ајлинг-Елис и Барби кукла Роуз Ајлинг-Елис и Барби кукла Роуз Ајлинг-Елис и Барби кукла

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.