Доналд и Меланија Трамп се во официјална посета на Израел. Веднаш по пристигнувањето во Тел Авив, додека чекореа на црвениот тепих, претседателот на САД посегна по раката на првата дама, но таа отсечно му ја оттурна.
Моментот беше споделен од израелскиот весник Haaretz и веднаш стана хит на социјалните мрежи.
Well this is embarassing https://t.co/XaPL1AbCm5 pic.twitter.com/mumhuQHDFz
— Haaretz.com (@haaretzcom) May 22, 2017
Видеото повторно поттикна коментари за однесувањето на Доналд кон жените генерално и конкретно за неговото однесување кон Меланија.
Парот беше пречекан од претседателот Бенјамин Нетанјаху и неговата сопруга Сара.