Почетна » Новости » Занимливости » Идентични близначки во исти венчаници се омажија за идентични близнаци на заедничка свадба

Идентични близначки во исти венчаници се омажија за идентични близнаци на заедничка свадба

Остварување на двојна бајка... Вака идентични близначки ја опишуваат нивната заедничка свадба со идентични близнаци.

Имено, сестрите Британи и Бријана се омажија за браќата Џош и Џереми, а нивната љубовна приказна го обиколи светот.

Свадба на близнаци

Паровите се венчаа за време на фестивалот „Twins Days“, кој секое лето се одржува во Твинсберг, Охајо, и на кој присуствуваат близнаци. Тие се запознале токму на овој фестивал минатата година.

Невестите носеа идентични фустани, а младоженците исти костуми.

Свадба на близнаци Свадба на близнаци Свадба на близнаци

„Ова навистина е остварување на бајка. Стапувањето во брак со близнаци е нешто што ни е важно. Дури и кога бевме мали девојчиња, се сеќавам дека кога бевме во градинка се гледавме во иднина токму вака“ – изјавила Бријана.

„Знаевме дека шансите се неверојатно мали. Ѕвездите мораа да се подредат за да ни се остварат соништата. Јас да се омажам со мажот од моите соништа, а во исто време, да можам да погледнам до мене и да ја видам мојата сестра близначка како се венча со мажот од нејзините соништа“ – рекла Британи.

Свадба на близнаци Свадба на близнаци Свадба на близнаци Свадба на близнаци Свадба на близнаци

Џереми и Џош ги запросија своите сакани заедно во февруари оваа година. Паровите планираат да живеат во иста куќа и заедно да ги растат своите деца.

Свадба на близнаци Свадба на близнаци Свадба на близнаци Свадба на близнаци Свадба на близнаци Свадба на близнаци Свадба на близнаци

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20963 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.