Почетна » Новости » Занимливости » 1 на 60 милиони: Мајка роди пет бебиња, од кои четири се идентични близначки

1 на 60 милиони: Мајка роди пет бебиња, од кои четири се идентични близначки

Пар си го зголеми семејството повеќе од двојно.

Хејли и Шон Леднер добија пет бебиња, од кои четири се идентични близначки. Станува збор за вистинска реткост, којашто се случува еднаш на 60 милиони раѓања. Шансите да се забремени со идентична четворка се 1 на 15 милиони.

Мајката се породила со царски рез во болница во Мисисипи. Адалин Елизабет, Еверли Роуз, Мали Кејт, Магнолија Меј и Џејк Истон се родиле во 28-мата недела од бременоста и се во добра здравствена состојба. Најмалото бебенце, Мали, тежело 760 грама.

Леднер

„Тие се најголемиот благослов во целиот мој живот“ – рекла мајката, која има родено уште две други деца.

„Сакавме да ја споделиме оваа приказна поради две причини: прво, затоа што веруваме дека тие се чуда кои ни се дадени од Бог, и второ, затоа што сакавме да го направиме тоа со надеж да им помогнеме на други парови кои се соочуваат со неплодност. Сакаме да знаат дека и за нив има надеж во светот“ – изјавиле тие.

Леднер Леднер

По два спонтани абортуси и дијагноза синдром на полицистични јајници, Хејли забременила со пет бебиња со интраутерина инсеминација во 2022 година.

„Бременоста на Хејли е многу ретка. Во литературата има само уште еден случај на оваа комбинација и е од 2018 година“ – рекле од болницата.

Леднер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20936 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.