„Само ако имаме нешто за сеќавање, само тогаш знаеме колку време сме биле заедно и колку време сме живееле и зошто треба да го браниме тој живот“ е позната мисла од македонскиот писател Петре М. Андреевски, која најдобро ги отсликува предизвиците со кои се соочуваме денес.
- Kако бренд со најдолга историја на македонскиот пазар, речиси 100 години знаеме дека животот на ова тло е полн со предизвици, некогаш работите се движат кон подобро, некогаш не, но она во што веруваме е дека само заедно може да направиме да биде подобро. Токму тоа наше верување го пронајдовме во цитатот на Петре М. Андреевски кој е носечка порака во нашата нова кампања“, изјавија од „Пивара Скопје“.
Преку кампањата, Скопско сака да ја нагласи важноста од заедништво, солидарност и меѓусебна поддршка во овие моменти.
Погледнете го видеото: