„Napo“ е краток анимиран филм кој дефинитивно нема да ве остави рамнодушни.
16-минутното видео ја следи приказната на старец, кој поради влошување на болеста мора да се всели во куќата на ќерка си за таа да се грижи за него.
По преселувањето, тој на интересен начин ќе изгради специјална врска со малиот внук. Момчето случајно ќе најде стар семеен албум и ќе започне да ги претвора старите фотографии на дедото во забавни цртежи, помагајќи му да ги врати изгубените спомени.
„Џон, не можејќи да ја разбере болеста на дедото, налетува на стар албум полн со фотографии. Сликите ја водат неговата имагинација, трансформирајќи ги спомените на неговиот дедо во цртежи кои ја обликуваат нивната врска“ – стои во описот на филмот на IMDb.
„Овој филм е посветен на Даниел Мануел де Коста, кој живееше и сакаше 84 години, и на сите баби и дедовци во светот. Споменот за вас ќе остане со нас“ – пишува на крајот на филмот.