Почетна » Новости » Занимливости » 5-годишно девојче со срцева болест посака да се омажи за симпатијата, доби бајковита „свадбена“ фотосесија

5-годишно девојче со срцева болест посака да се омажи за симпатијата, доби бајковита „свадбена“ фотосесија

Кога желбите стануваат реалност...

Мало девојче, кое страда од сериозна болест на срцето, доби прекрасна „свадбена“ фотосесија со момчето со кое сакало да стапи во брак кога ќе порасне.

Имено, кога Софија Чијапалон ѝ кажала на мајка си дека сака да се омажи за симпатијата Ханетер, со кого оди во забавиште, грижливата мајка добила прекрасна идеја. Заедно со мајката на момчето, ангажирале фотографка за да им ја подарат „свадбената“ фотосесија од соништата.

Малата Софија со широка насмевка позираше во својата „мини“ венчаница. Неодоливото дуо си разменуваше слатки бакнежи на образите.

Софија и Хантер Софија и Хантер Софија и Хантер Софија и Хантер

Софија била родена со срцева болест и во своите пет години живот таа има поминато низ три операции на отворено срце, а во текот на целиот живот, нејзе постојано ќе ѝ бидат потребни хируршки интервенции.

„Се насолзив додека ја гледав како се облекуваше. Бев преплашена повторно, бидејќи ова може да биде единствен пат што ќе ја видам во невестински фустан“ – изјавила нејзината мајка.

Софија и Хантер Софија и Хантер Софија и Хантер Софија и Хантер Софија и Хантер

„Тие имаат магнетска хемија која е преслатка да ја гледаш“ – вели мајката на Хантер.

Софија и Хантер Софија и Хантер Софија и Хантер Софија и Хантер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20880 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.