Почетна » Новости » Занимливости » Ќе ве разнежни: Писмо од перспектива на новороденче ги освојува срцата на родителите

Ќе ве разнежни: Писмо од перспектива на новороденче ги освојува срцата на родителите

Писмо напишано од перспектива на новороденче деновиве го обиколува светот, допирајќи до срцето на секој родител.

Во пораката, која несомнено ќе ве разнежни, бебенцето ги замолува Мама и Тато да бидат трпеливи кога плаче и да го бакнуваат и прегрнуваат што повеќе, бидејќи никогаш повторно нема да биде толку малечко.

Бебе

Драги мама и тато,

Ве молам чувајте го ова писмо од мене на место каде ќе можете да го читате и препрочитувате кога нештата ќе станат тешки и ќе бидете нерасположени.

Ве молам не очекувајте премногу од мене како новороденче, или премногу од себе како родители. Дајте ни шест недели како роденденски подарок, шест недели за јас да пораснам, да се развијам, да созреам и да станам малку постабилно и попредвидливо – шест недели за вие да се одморите, релаксирате и да му дозволите на телото да се врати во нормала.

Ве молам хранете ме кога сум гладно, бидејќи не знаев за глад во твојата утроба, а часовникот и времето ми значат многу малку.

Ве молам држете ме, милувајте ме, бакнувајте ме, допирајте ме, шепотете ми. Секогаш бев внимателно чувано во твојата утроба и никогаш претходно не бев само.

Ве молам простете ми ако плачам многу. Не сум тиранин пратен за да ви го направи животот мизерен. Единствен начин за да ви кажам дека не сум среќно е преку моето плачење, бидете трпеливи со мене и за кратко време, како што ќе растам, ќе минувам помалку време во плачење, а повеќе во дружење.

Ве молам издвојте си време за да дознаете кој сум, како се разликувам од вас и колку многу можам да ви дадам. Гледајте ме внимателно и јас ќе ви укажам работи кои ме смируваат, утешуваат и задоволуваат.

Ве молам запомнете дека сум силно и можам да ги издржам многуте природни грешки кои ќе ги направите со мене. Сè додека ги правите со љубов, не можете да ми наштетите.

Ве молам не се разочарувајте кога нема да бидам совршеното бебе кое очекувавте дека ќе бидам, а не се ни разочарувајте од себеси кога не сте совршените родители.

Ве молам грижете се за себе, хранете се балансирано, одморајте се и вежбајте, за кога ќе бидеме заедно, да имате трпение и енергија да се грижите за мене. Лекот за пребирливо бебе е повеќе одмор за Мама.

Ве молам грижете се за вашата врска. Што има добро во поврзувањето со семејството ако не остане семејство со кое да се поврзувам?

Имајте ја „големата слика“ на ум. Јас ќе бидам вакво многу кратко време, иако вам сега ќе ви изгледа како цела вечност. Иако можеби ви го превртив животот наопаку, ве молам потсетете се дека нештата наскоро ќе се вратат во нормала.

Уживајте со мене – Јас никогаш нема да бидам толку малечко повторно!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20879 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.