Почетна » Новости » Занимливости » Ќе ви го згрее срцето: Емотивен свадбен момент помеѓу невестата и синчето на младоженецот

Ќе ви го згрее срцето: Емотивен свадбен момент помеѓу невестата и синчето на младоженецот

Никој не можеше да ги задржи солзите на свадба во Њујорк. Кога невестата Емили со мили зборови полни со љубов му се обрати на синчето на нејзиниот избраник, малото момче со солзи во очите започна да ја прегрнува, разнежнувајќи ги сите присутни.

Во видеото, Емили му кажува на малиот Гејџ дека е специјално момче и дека многу го сака. „Можеби јас не ти подарив живот, но животот ми те даде тебе како подарок“ – се зборовите со кои невестата го завршува емотивниот говор.

По објавувањето на видеото, вистинската мајка на Гејџ изјави: „Како негова мајка јас само можам да кажам дека таа е прекрасна маќеа за него. Не би можела да изберам некоја подобра. Гејџ е среќен што ја има и јас сум благодарна што можам да ѝ верувам дека ќе биде таму за него во моментите кога јас нема да можам да бидам“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20882 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.