Почетна » Семејство » Брак » 10 тајни на среќните брачни парови

10 тајни на среќните брачни парови

Вашето срце се разнежнува секогаш кога ќе здогледате насмеани пензионери кои сè уште шетаат фатени рака за рака и се гледаат со заљубен поглед? Сакате и вие кога ќе наполните 60-70 години да бидете како нив? Тогаш јасно ви е дека секој ден треба да се грижите да ја одржите среќата и љубовта во бракот.

Среќен брачен парПодарувањето без повод зборува многу за љубовта и посветеноста на брачните партнери

Еве неколку мали тајни на среќните брачни парови кои успеваат да ја одржат искрата во бракот:

  1. Бакнеж за пречек. Наместо со прашања како „Купи леб?“ и „Ги плати сметките?“, пречекувајте го вашиот сопруг со бакнеж и прашања од типот „Како си?“ и „Како помина на работа?“.
  2. Грижа за надворешниот изглед. Физичката привлечност е многу важна. Издвојувајте си време за да изгледате убаво и да го одржувате вашето тело во форма. Разубавувањето и физичката активност не само што ќе ви ја зголемат самодовербата, туку и ќе му укажат на вашиот партнер дека сакате да изгледате привлечно за него.
  3. Секси планови. Брачните парови знаат дека спонтаниот секс е реткост. Покрај стотиците обврски и децата, многу ретко се случува да можат да ѝ се оддадат на страста непланирано. Затоа, искористете ја моќта на планирањето и испланирајте си секси вечер. Планирањето нема да ја убие вашата страст.
  4. Мили зборови. Кажувајте си „Те сакам“ барем двапати дневно. Започнувајте го и завршувајте го денот со зборови кои ќе ја потенцираат вашата љубов.
  5. Подароци без повод. Многу луѓе повеќе ги ценат малите подароци подарени без повод, отколку оние подарени за родендени, годишнини и сл. Па, не чекајте да дојде вашата годишнина за да го изненадите со нов комплет долна облека или билети за спортски натпревар. Потсетете се колку добро се чувствувате кога тој ќе ве изненади со мал подарок и направете го подарувањето без повод почеста практика во вашата врска.
  6. Раздели, па уживај. Желбата за љубов, блискост и интимност со партнерот лесно може да биде убиена од презафатеноста со домашните обврски. Кога едниот партнер ги извршува повеќето обврски низ домот, кај него се јавува фрустрираност. Важно правило за среќен брак е да ги разделувате обврските. Ако тој е маж, не значи дека не може и не знае како се брише прашина. Така ќе си ослободите повеќе време во кое ќе можете да уживате и да ја негувате интимноста во врската.
  7. Мали паузи. Дури и во најидеалните врски, партнерите имаат потреба да поминат одредено време разделени. Тој има потреба да се излежува гледајќи спортски натпревар, а вие имате потреба да излезете на кафе со пријателките. Не ги игнорирајте таквите потреби и не се обидувајте сè да правите заедно. Среќните парови не се заедно 24 часа на ден.
  8. Реален поглед на бракот. Среќните парови не очекуваат секој ден да е исполнет само со љубов, разбирање и хармонија. Тие знаат дека има и лоши денови, но знаат и како да направат тие денови да поминат побезболно и полесно да избледнеат во нивните сеќавања.
  9. Проверка во текот на денот. Зошто да треба да чекате да се вратите од работа за да дознаете како му поминал денот на вашиот сакан? Колку и да сте зафатени, одделете 2 минути и јавете му се за да го слушнете. Можеби тој има среќна вест, па и вас ќе ви се разубави денот. Можеби има тажна вест и му е потребна поддршка и охрабрувачки зборови. Во секој случај, телефонскиот повик на средината на денот ќе ве одржи многу поблиски отколку што можете да си замислите.
  10. Фокусирање на позитивното. Ако се трудите да пронајдете работи кои вашиот партнер ги прави неправилно, сигурно ќе пронајдете многу. Ако се фокусирате на пронаоѓањето работи кои ги прави правилно, повторно ќе пронајдете многу. Сè зависи од вас и од тоа како сакате да ги гледате работите. Среќните парови се фокусираат на позитивното.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20879 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.