Русокос Исланѓанец со долга коса и мускулесто тело освои илјадници женски срца откако се појави на фудбалскиот терен на Светското првенство на вчерашниот меч со Аргентина.
По натпреварот, 30-годишниот Рурик Гисласон стана интернет сензација и само за еден ден стекна нови 250.000 обожаватели на Instagram. Бројот на лица кои во моментов го следат на социјалните мрежи е 636.000.
Рурик отсекогаш сонувал да ја претставува својата држава на првенство од овој тип, а сега неговиот сон станува реалност. „Уште од моментот кога за првпат шутнав топка, мојот сон беше да ја претставувам мојата татковина на Светско првенство. Сонот ми се оствари минатата сабота и искуството беше неверојатно“ – напиша згодниот исландски репрезентативец на една од објавите и сподели фотографија со Лионел Меси.