Почетна » Новости » Занимливости » Емотивна новогодишна кампања на Телеком: Магијата на празниците е целосна тогаш кога сме заедно

Емотивна новогодишна кампања на Телеком: Магијата на празниците е целосна тогаш кога сме заедно

Во пресрет на празниците и во време на социјална изолација, најубавиот новогодишен подарок е тоа што повторно можеме да бидеме заедно.

Видео

Последните две години, поголемиот дел од животот се одвиваше онлајн, па дури и празниците. Дигиталните алатки ни помогнаа да останеме поврзани. Сепак, топлината на допирот, звукот на присуството и сликата повторно заедно, во добро здравје и во топлината на домот со најблиските, е подарокот којшто сите ние го посакуваме.

Преку симпатично раскажана приказна за дедо и внук коишто одамна се немаат видено, и покрај виртуелната поврзаност, видеото на Телеком успева да ги разбуди чувствата на возбуда што повторно сме заедно за празниците, нешто што недостасуваше сето ова време…

Пораката „Најголемиот подарок е што сме повторно заедно“ е заедничка во семејството Дојче Телеком и, освен кај нас, таа е испратена и во другите 9 пазари: Австрија, Полска, Унгарија, Хрватска, Чешка, Црна Гора, Романија и Словачка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21019 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.