По предизвиците со кои се соочувавме во изминатите неколку години, сè поголем е бројот на компании кои преку емотивни видеа носат бран позитивност меѓу луѓето.
Американската компанија „Крогер“ создаде божиќна реклама која ни ги буди среќните спомени поврзани со празничната сезона. Во неа е прикажан дедо кој ја наоѓа тетратката со рецепти на покојната сопруга и решава самиот да приготви некои од нејзините специјалитети. Додека ги пробува јадењата, започнува да ги оживува спомените со саканата и семејството кога сите заедно славеа на трпезата со вкусни специјалитети.
На крајот, тој споделува јадење со внуката со која заедно ја слави празничната сезона.
„Денешните празнични моменти се утрешни спомени“ – е пораката на видеото.