Пред речиси 30 години, светот го освои еден од најпопуларните божиќни филмови на сите времиња – „Сам дома“.
Актерот Меколи Калкин, кој го глумеше палавиот Кевин, пресоздава сцени од култниот филм за божиќната реклама на GoogleAssistant, која инстантно ќе ве врати во детството.
Во видеозаписот, Калкин дознава дека ја има целата куќа за себе и ги повторува истите сцени како, бричење, скокање врз креветот, порачување пица, китење елка... но овојпат ја има помошта од Google Assistant.
На крајот од видеото, тој му наредува на Google да ја активира „Операцијата Кевин“, за да ги избрка криминалците кои сакат да го ограбат неговиот дом.