Медицинските лица ги прават најголемите жртви за да се изборат со најновиот коронавирус.
Фотографија од татко, кој е доктор и доаѓа дома за да си го види синчето само преку стакло, ќе ве трогне.
„Го видовме нашиот омилен доктор денес! Ја сакам оваа фотографија од моите син и сопруг толку многу, што срцето ќе ми експлодира“ – пишува мајката на детенцето која ја сподели фотографијата.
„Нема да се преправам дека не плачев како бебе кога тој повторно замина на работа. Ни недостига, но ние го правиме тоа што мора да го правиме“ – додаде таа.
Таткото Џаред не влегува кај сопругата и синчето бидејќи така би ги довел до поголем ризик да заболат од КОВИД-19, доколку и тој самиот е носител.