Почетна » Новости » Занимливости » „До пријателките кои ги споделија со мене алиштата од своите деца, ви благодарам за овој скапоцен подарок“

„До пријателките кои ги споделија со мене алиштата од своите деца, ви благодарам за овој скапоцен подарок“

Ништо нема толку голема моќ да нè врати наназад низ детството на нашите деца како што имаат алиштата кои тие ги носеле. Секое парче облека содржи во себе прекрасен спомен за родителите.

Токму поради тоа, Кејси Хаф им се заблагодари на пријателките што ѝ ги дадоа алиштата од нивните деца. Знаејќи колку сентиментален и значаен подарок ѝ дале, таа напиша текст полн со благодарност.

Облека за бебе

Кога ѝ кажав на мојата најдобра пријателка дека нашето прво бебе ќе биде момче, првото нешто што ми го рече беше дека треба да ги разгледаме нејзините вреќи со бебешки алишта. Така и направивме.

Тоа попладне го поминавме на подот од нејзината дневна соба, разгледувајќи ја облеката кога ѝ седеше во кутија од времето кога нејзиниот син беше бебе. Секое парче што ќе го фатеше, имаше своја приказна и можев да ѝ ги почувствувам емоциите додека ја споделуваше облеката со мене. Иако очите ѝ беа насолзени, таа сјаеше додека ми ги даваше алиштата мене, уверувајќи ме дека е пресреќна што ќе одат во добри раце.

Во тој момент, не мислам дека вистински ја ценев важноста на тој момент, но сега ја ценам.

Ти благодарам, слатка моја пријателке, што ми ја предаде љубовта која само една мајка може да знае дека се крие низ тие носени шпикозни и бодиња.

Се разбира дека бев благодарна за парите кои ни ги заштеди, и да, бев свесна дека купувањето на сета таа облека може да биде лудо со рекордната брзина со која тие ја надраснуваат облеката. Дури кога ги гледав моите бебиња како растат, сфатив дека подарокот од мојата пријателка е многу повеќе од тоа.

Во тој момент, таа не ми доверуваше само куп стари алишта... Таа ми доверуваше некој од нејзините најскапоцени спомени.

Сега, три и пол години подоцна, јас сум на нејзиното место и со љубов ги сортирам смалените алишта од син ми за да му ги предадам на неговиот новороден братучед.

Со секое парче кое ќе го извадам од кутијата, се потсетувам на нешто.

Сините шпикозни најголемиот син ги носеше кога го носевме дома од болница. Ете ја маицата која се извалка со чоколаден шлаг од тортата на неговиот прв роденден. Таму се и пижамите кои најмалиот син ги носеше кога се насмеа за првпат – момент кој засекогаш ќе ми биде врежан во сеќавање.

Секое парче облека претставува момент во времето, специјален дел од нашата семејна приказна.

Сите тие парчиња имаат сентиментална вредност и со нив би можела да се разделам само кога би знаела дека одат кај друго мало момче кое има специјално место во нашите срца.

Давањето на облеката на мојот внук ми дава чувство како да комплетирам некој вид сладок круг на давање. Кога мојата снаа ќе ми испрати фотографија на која тој носи нешто што ме потсетува на детството на син ми, ронам солзи и срцето ми расте.

Секојдневните сентиментални моменти од мајчинството се оние кои ја прават оваа работа најважна од сите. Да бидеме искрени, ништо не е посентиментално од малечките алишта во кои сме ги гледале нашите бебиња како растат. Се надевам дека мојата најдобра пријателка знае колку ѝ сум благодарна за нејзиниот подарок, а дека мојата снаа ќе може да ја почувствува љубовта која ја содржи секое парче облека кое ѝ го предадовме.

Приказните кои ги раскажува предадената облека се поскапоцени од кои било нови алишта кои можете да ги купите во трговските центри. Ткаенините, дури и кога се износени, ги содржат најслатките спомени од времето кое поминало.

А тие се најубавите нешта кои можеме да се надеваме дека ќе ги предадеме.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20917 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.