Бурак Озчивит зачекори во петтата деценија од животот.
Славниот турски актер го прослави својот 40-ти роденден покрај најсаканите личности. Неговата сопруга Фахрие и двете синчиња Каран и Керем го изненадија со роденденска торта за време на вечера во ресторан.
Фотографиите и видеата од овој момент ги сподели Фахрие на Instagram.
38-годишната актерка, позната како Неџла од „Кога лисјата паѓаат“, објави и други заеднички фотографии по повод роденденот на Бурак.