Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез ги одведоа децата на најмагичното празнично патување.
Славното семејство отпатува во северна Финска и го посети Дедо Мраз и ирвасите, се возеше на моторна санка и уживаше во божиќната атмосфера.
39-годишниот фудбалер и 30-годишниот модел споделија фотографии и видеа со пораснатиот Кристијано Џуниор, близнаците Ева и Матео и малите ќеркички Алана Мартина и Бела Есмералда.