Почетна » Новости » Занимливости » Децата не треба да бидат споредувани едно со друго: Мајка сподели одличен пример од трите ќеркички

Децата не треба да бидат споредувани едно со друго: Мајка сподели одличен пример од трите ќеркички

Мајка на тројка со одличен пример покажа дека децата не треба да се споредуваат едно со друго и дека секое од нив е различно.

Џена Нокс на TikTok ги сподели цртежите на трите 3-годишни ќеркички во видео кое покажува колку се разликуваат нивните способности за боење. Сите три девојчиња требало да обојат исто виножито, но крајниот резултат е сосема различен.

Џена Нокс Џена Нокс Џена Нокс

Џена вели дека еден од првите совети кои ги доби од педијатарот по раѓањето на тројката бил да не ги споредува меѓусебно.

„Зошто велат дека не треба да ја споредуваш твојата ТРОЈКА“ – напиша таа во описот на видеото кое досега има повеќе од 15 милиони прегледувања.

@knoxedoutnumbered Disclaimer: I love all of my children equally and don’t judge their worth based on how well they color in the lines. #triplets #toddlers ♬ sonido original - Xenia

Нокс вели дека нејзината ќерка Сесилија постојано сака да трча наоколу и да прави различни работи, особено да се маскира во нешто. „Таа е мал изведувач“ – вели таа.

Ќерката Лили, Џена ја опишува како „бесно“ девојче кое „ги дава најслатките прегратки, но само откако ќе те собори на подот.“ Како што тврди мајката, „таа е спортистот во групата и прва научи да плива.“

Кајли може весело да изработува ракотворби со часови.

„Таа се нарекува себеси артист. Обожава да бои и е многу фокусирана. Другите можат да го прават тоа само неколку минути“ – вели мајката.

Џена Нокс

Бидејќи многумина коментираа дека Кајли не го обоила цртежот, Џена сними видео за да докаже колку трпеливо и прецизно бои нејзината ќеркичка.

@knoxedoutnumbered Replying to @cutecactos ♬ Acoustic Folk Instrumental - Yunusta
@knoxedoutnumbered Replying to @Magical Megs #greenscreen #greenscreenvideo Part 2 responding to comments from the #triplets #viral ♬ Acoustic Folk Instrumental - Yunusta

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20922 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.