Почетна » Новости » Занимливости » „34 недели внатре и 34 недели надвор“: Мајка на тројка со хит фотографија на Instagram

„34 недели внатре и 34 недели надвор“: Мајка на тројка со хит фотографија на Instagram

Мајка на четири деца на Instagram го документира животот со тројка и трансформацијата на телото по породувањето.

Ана Гонзалес Агилар стана хит на популарната социјална мрежа кога сподели колаж од две фотографии на кои позира со големиот труднички стомак непосредно пред породувањето и со своите бебенца по нивното раѓање.

„Бев бремена 34 недели и 3 дена, а бебињата до денес се надвор 34 недели и 3 дена! Бременоста дефинитивно беше полесна. Тешко беше да се направи оваа фотографија, бидејќи бебињата се многу тешки. А си мислев дека движењето со голем стомак е тешко. Пресреќна сум што го славам овој ден. Мислев на оваа фотографија уште од мојата бременост“ – напиша таа.

Ана Гонзалес Агилар

Бебињата во октомври ќе наполнат 2 години, а Ана редовно го документира нивното растење со фотографии на Instagram.

Ана Гонзалес Агилар Ана Гонзалес Агилар Ана Гонзалес Агилар Ана Гонзалес Агилар Ана Гонзалес Агилар

„Не беше лесно да се премине од семејство со 3 члена во семејство со 6. Сè уште ми е чудно како преминав од едно дете на четири додека да трепнам. Сè уште се адаптирам на мојот ‘нов живот’, но колку и да е тешко, колку и да сум уморна, ги обожавам“ – вели Ана.

Ана Гонзалес Агилар Ана Гонзалес Агилар Ана Гонзалес Агилар Ана Гонзалес Агилар Ана Гонзалес Агилар Ана Гонзалес Агилар

Агилар, која покрај тројката има уште една ќерка, отворено споделува дека ѝ било многу тешко да ги прифати промените на нејзиното тело, но дека научи да се сака себеси онаква каква што е.

„Кога станав мајка на тројка, целосно се заљубив во моите бебиња, но започнав да се одљубувам од себеси. Мајчинството ми донесе многу промени, вклучително и стрии, висната кожа, виснати гради од доењето и измолзувањето. Темни кругови околу очите од непреспаните ноќи. Опаѓање на косата и акни од хормоналните промени. Многу промени за кои ми требаше време да ги прифатам. Не чувствувам како моето тело да е мое. Морав да научам да го сакам и прифаќам моето ново и помалку атрактивно тело. Ми требаше подолго време за да научам да го ценам. Го сакам моето тело поради сè што направи. Го сакам зошто ги носеше моите четири деца. Го сакам зошто ги хранеше сите четири. Го сакам моето тело, но сè уште учам да ги прифаќам промените кои дојдоа со мајчинството“ – пишува Ана.

Ана Гонзалес Агилар Ана Гонзалес Агилар Ана Гонзалес Агилар Ана Гонзалес Агилар Ана Гонзалес Агилар Ана Гонзалес Агилар Ана Гонзалес Агилар Ана Гонзалес Агилар

Таа создаде видео кое прикажува како се менувало нејзиното тело по породувањето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20935 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.