Дечињата кои се лекуваат на Детската клиника во Скопје добија празнично изненадување.
Суперхероите Спајдермен, Бетмен и Супермен, потпомогнати од Дедо Мраз, се спуштија со јажиња за да ги израдуваат малите пациенти и да им подарат новогодишни пакетчиња.
„Да подариме насмевка. На ден 22 декември, волонтерите на Тимот за одговор при катастрофи – Тим за спасување на планина, облечени во костимите на детските херои, Спајдермен, Бетмен и Супермен, а потпомогнати од Дедо Мраз, со јажиња се спуштија на Клиниката за детски болести. На малите пациенти им подарија насмевки и новогодишни пекети за претстојните празници. Настанот се одржува по четврти пат и е традиционална активност на Црвениот крст на град Скопје.“
„Не треба многу за да усреќите некого. Бидете и вие нечиј херој!“ – пишуваат од Црвен крст на град Скопје.