Дедо Мраз ширеше празнична магија во Клиниката за детски болести и Клиниката за Онкологија при Клиничкиот центар Мајка Тереза – Скопје.
Вработен во Црвениот Крст на град Скопје маскиран како Дедо Мраз со јаже се спушти од покривот за да им подели новогодишни подароци на малите пациенти кои го дочекаа со огромна радост и искрени насмевки.
Со помош на Дедо Мраз, градоначалникот на Скопје, Саша Богдановиќ, и амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов, доделија повеќе од 100 новогодишни пакетчиња.
Маскираниот Дедо Мраз е дел од тимот за спасување на планина на Црвен крст на град Скопје, а во оваа благородна мисија се вклучија и волонтерите на Црвен крст Центар.