Почетна » Новости » Животни стории » Ќе ви го скрши срцето: Дедо Мраз држи фотографија од бебе за да му ја исполни желбата на ужален татко

Ќе ви го скрши срцето: Дедо Мраз држи фотографија од бебе за да му ја исполни желбата на ужален татко

Фотографија на која Дедо Мраз држи слика од бебе се распространи низ целиот свет, заедно со порака за споделување на добрина во празничната сезона.

На виралната фотографија се гледа малото бебенце Хајден, кое починало минатата година поради вродена срцева мана.

Таткото на бебето, Кајл, ја направил фотографијата како божиќен подарок за својата сопруга Саша.

Дедо Мраз

Трогателната случка ја сподели самиот Дедо Мраз (Американецот Кејлеб Рајан Сигмон) преку следнава порака на Facebook:

Денес дојде еден маж, држејќи нешто во рацете. „Имам една молба“, рече, вртејќи ја рамката со сликата. „Мојот син почина, минатата година.“ Му застана грутка на грлото и не можеше да ја доврши реченицата. Сите замолчеа. Реков: „Се разбира“.

Ми ја подаде рамката и ја ставив на коленото. На фотографијата видов дека името на малото момче било Хајден. Не поставив ниту едно прашање, но претпоставувам дека ова му беше првата фотографија со Дедо Мраз. Штракањето на фотоапаратот беше единствениот звук кој можев да го слушнам во целиот трговски центар. Обично слушам секаква музика и звуци, но тогаш завладеа апсолутна тишина.

По неколку направени фотографии, отидовме до екранот и тој покажа со прст, велејќи „Таа е.“ Девојката која работи на компјутер му испечати целосен фото-пакет, а тој го извади паричникот велејќи дека тоа ќе биде подарок за неговата сопруга. Му го дадовме пакетот, кажувајќи му дека тоа е подарок од нас и дека сите ние ќе се молиме за неговото семејство овој Божиќ. Тој ми ја грабна раката, ме повлече и ме прегрна, потоа се заврти и си замина. Додека тој заминуваше, сите ние имавме солзи во очите.

Го споделувам ова за да се потсетиме сите дека божиќниот период е неверојатно тежок за некои семејства. Молете се за оние со скршени срца. Насмевнете им се на луѓето. Едноставно бидете љубезни. Сакајте се еден со друг.

Откако сторијата стана вирален хит, родителите на бебето беа пронајдени и раскажаа дека нивниот син се родил со хипопластично лево срце и починал поради компликации. Во чест на своето мало бебе, Кајл и Саша, која повторно е бремена, активно се залагаат да ја подигнат свеста за вродените срцеви аномалии.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.