Почетна » Новости » Занимливости » Ќе ви го стопли срцето: Средбата на слепо аутистично детенце со Дедо Мраз

Ќе ви го стопли срцето: Средбата на слепо аутистично детенце со Дедо Мраз

Фотографиите од средбата на мало детенце со Дедо Мраз ќе ви го растопат срцето. Мајката на 6-годишниот Метју кој е слеп и аутист ја раскажа приказната за да шири љубезност и сочувство.

„Му шепнав на Дедо Мраз: ‘Тој е слеп и аутист и е многу заинтересиран за Дедо Мраз’. Тој ми врати: ‘Нема потреба да велиш ништо друго’ и веднаш седна на подот за да го поздрави моето мало маже. Тој зборуваше со Метју долго време. Му дозволи да го допира. Му рече да го повлече за брадата, да ја почувствува неговата капа и му зборуваше за црвениот костим. Срцето ми се исполни кога го гледав Метју толку заинтересиран. Ова е најдобриот Дедо Мраз!“ – напиша 41-годишната мајка од Тексас.

Средбата на Метју со Дедо Мраз Средбата на Метју со Дедо Мраз Средбата на Метју со Дедо Мраз

Метју бил роден во 24. недела од бременоста, а неговиот брат близнак не преживеал.

За првичните дијагнози, неговата мајка сподели: „По скеновите на неговиот мозок, докторите рекоа дека нема никогаш да оди и зборува. Бог имаше други планови.“

Сторијата претпразнично го обиколува светот за да нè потсети колку е важно и најмалото добро дело.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.